ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Во прилепската болница се вработуваат само партиски кадри, огласите се обична формалност

Досегашното владеење на СДС се покажа како погубно по сите области. Здравствениот систем во Македонија никогаш не бил во покатастрофална состојба! Иако преизборно излегоа со низа ветувања, гледаме дека со секој изминат ден овие ветувања се покажаа како лаги со кои го изманипулираа народот. Истакнаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Пред некој ден и официјално матичните лекари и стоматолози добија катастрофални предлог договори од Фондот за здравствено осигурување за наредните 5 години, иако со низа протести и прес конференции оваа фела го искажа своето незадоволство и ги даде своите предлози.

 

Изгледа гласот на овие образовани кадри не вреди за СДС! Нема зголемување на капитациониот бод за стоматолозите од 50 денари, нема ниту 100.000 денари плата за докторите!

 

Воедно, за непочитување на законската регуалтива се предвидени и огромни казни, со кои и тоа како се доведува во прашање опстанокот на лекарите и стоматолозите во Македонија. И после СДС ќе се запраша зошто истите ја напуштаат нашата земја и бегаат во останатите држави.

 

СДС ветуваше и покачување на капитациониот бод на матичните лекари на 90 денари – уште едно од низата лажни ветувања. СДС ветуваше и укинување на квотите за рецепти и боледувања, уште едно празно ветување.

 

Предупредуваме дека поради катастрофалните политики на оваа Влада, граѓаните можат да останат без своите матични лекари!

 

Воедно пред скоро време во прилепската болница се пуштија низа огласи за пополнување на работните места. Незадоволството на одбиентите кандидати говори дека станува збор за вработувања по партиски клуч и дека огласите се само обична формалност колку да се запази постапката пропишана со закон.

 

Одбиени се лица со факултет, лица со големо работно искуство во областа, одбиени се професионалци кои си ја сакаат струката, под смешни изговори дека биле “преквалификувани“ за работното место.

 

Потсетуваме и дека поради лошите криминални политики во здравството, Прилеп ќе остане и без биохемиски лаборатории, а пациентите ќе треба резултатите да ги чекаат со денови или своите анализи да ги прават во битолските установи.

 

Па нели премиерот Заев ветуваше дека професионалноста ќе се цени пред се? На ваков ли начин кадена вистинските професионалци им се ускратува правото чесно да го заработуваат своето парче леб, ќе го подобрува СДС здравствениот систем?

 

И после ќе се прашуваме зошто здравството го допре дното и по сите рангирања и анализи заостанува светлосни годсини зад здравствениот систем во другите држави?

 

Токму затоа оваа власт мора што поскоро да си замине. Затоа што секој изминат ден значи штета по секоја област, штета по обичниот граѓанин кој едвај врзува крај со крај! Со промената на оваа власт, Македонија ќе продолжи да чекори напред!“, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien