Млади од 5 европски земји во Крушево промовираат толеранција, почит и разбирање

Млади од Македонија, Турција, Грузија, Хрватска и Литванија престојуваат во Крушево како дел од проектот „Разновидност, толеранцијаи и прифаќање“ имплементиран од Здружение за европска интеграција „Европска гледна точка“, а поддржан од Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност.

 

Целта на овој проект е промоција на толеранција, почит и взаемно разбирање преку уметничкото изразување на културна, верска, етничка разновидност меѓу младите од различни земји. Во текот на 10 дена, младите од различни земји ќе работат заедно. Тие ќе бидат обучени за вредностите на демократијата и меѓусебното разбирање, почитување на разликите, стереотипи, како и да се создаде мрежа.

 

Проектот има за цел да ја подигне свеста кај младите за тоа дека “Културни разлики” и “меѓукултурен дијалог ” не се апстрактни концепти, туку настани во кои тие учествуваат и имаат корист и може да ги користат за да ја развијат својата локална заедница.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien