„Постварување“ – изложба на уметникот Сотир Хаџи Николов во Прилеп

На 7 декември 2018 (петок) во 18.30 часот во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Постварување“ од уметникот Сотир Хаџи Николов од Гевгелија.

 

Изложбата, (слики и објекти) финансирана од Министерството за култура, ќе биде поставена до 20 декември 2018.

 

Сотир Хаџи-Николов, роден  на 29.08.1986 година во Гевгелија. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Гевгелија како и на Мултимедија центарот во Гевгелија. Има учествувано на симпозиуми во Македонија, Бугарија, Турција, Грузија како и на повеќе групни изложби. Изложбата насловена „Постварување“ е неговата втора самостојна изложба.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи