Анѓушев: Поскапе само најевтиниот леб, ако треба ќе реагираме преку државни резерви

Владата ги ја следи состојбата со покачувањето на цената на лебот кај одредени пекари, а засега нема потреба од интервенција на пазарот, тврди вицепремиерот Кочо Анѓушев. Според него, цената на одредени пекарски производи е зголемена поради сушата и малиот род на жито годинава, но вели дека ситуацијата во моментов не е алармантна.

 

„Годинава сушата си го зема својот данок во делот на житото и житните производи. Житото на сите светски берзи, а на новосадската берза која е најблиска за нас порасна за 30-ина проценти. Тоа практично се одразува во цената на финалните производи, на лебот. Засега поскапе само најевтиниот леб, односно еден дел од асортиманот на пекарите. Како Влада ќе ја следиме состојбата и доколку видиме дека има посериозен импакт на сите останати пекарски производи генерално, ќе интервенираме од државните резреви со житни производи. Имаме доволно резерви, тие се купени со соодветни цени, домаќински е тоа направено и ќе реагираме навреме доколку видиме дека зафаќа поголем замав. Сега оставаме реалната економија да ги реши сама по себе проблемите без многу интервенционизам, но ако има потреба ќе го направиме тоа“, изјави Анѓушев.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien