Студенти од Англија бараат зграда од универзитетот во Кент да го носи името на Горан Стефановски

Студенти од Англија на починатиот драматург и писател Горан Стефановски покренаа инцијатива еден од одделите на универзитетот во Кент, каде што тој предаваше долги години, да го носи неговото име.

 

„Горан беше исклучителен човек и неверојатен професор. Не постои подобар начин да се сочува неговиот спомен од новата зграда да го добие неговото име“, стои во петицијата насловена „Именувајте ја новата зграда на Универзитетот во Кент по Горан Стефановски“ (Name the new CCCU building after Goran Stefanovski).

 

Стефановски почина на 27 ноември во Кентербери, Велика Британија каде што живееше подолго време. Вчера, 5 декември, Стефановски беше кремиран во Кентербери, а бројни пријатели се простија од него. Според неговата последна желба, пепелта ќе биде расфрлана во водите на Охридското Езеро.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien