Јапонија подарува куќи бидејќи нема кој да живее во нив

Јапонија се соочува со необичен проблем: има повеќе куќи од жители што би живееле во нив.

 

Според податоците, во 2013 година во Јапонија имало 61 милион домови и 52 милиони домаќинства, а ситуацијата сè повеќе се влошува. Бројот на населението во Јапонија се очекува да опадне од 127 милиони на околу 88 милиони до 2065 година, велат од Националниот институт за население.

 

Тие исто така предвидуваат дека до 2040 година многу мали градови и села во целата земја ќе исчезнат поради тоа што сè повеќе млади ги напуштаат за да работат во големите градови. Подарувањето домови во овие области е последниот обид за нивно спасување, додаваат тие.

 

Овие напуштени домови се познати и како „акија“, што на јапонски значи „напуштено“ или „празно“.  Денес постојат и „акија банки“, кои ги поврзуваат можните купувачи со стари сопственици на домови или празни имоти. Еден од градовите што до 2040 се очекува да остане празен е и Окутама, кој го потпомага реновирањето на домовите за оние што ќе се вселат во нив.

 

Пред пет години, бројот на напуштени домови изнесуваше малку повеќе од 8 милиони, но во последните пет години бројот се зголеми уште повеќе.

 

Најлоша е ситуацијата во регионите Кагошима, Кочи и Вакајама, каде што повеќе од 10 отсто од домовите се напуштени и ако напуштањето продолжи со ова темпо, предвидувања велат дека во 2033 година дури 30 проценти од куќите ќе бидат празни.

 

Сепак, постојат и одредени услови за добивање на ваквата парична помош од осум илјади долари за секои 100 квадратни метри, односно новите сопственици мора да бидат помлади од 40 години или да бидат пар со барем едно дете под 18-годишна возраст и барем еден партнер на возраст под 50 години.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи