ВИДЕО – „Комфи Ангел“ доби државна финансиска помош за инвестициите

Комфи Ангел е еден од лидерите во текстилната индустрија во Република Македонија која што доби финансиска поддршка од Владата за инвестициите. Оваа година ќе бидат поддржани над 100 компании, а следната година, според вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој денеска ја посети компанијата Комфи Ангел, имало одвоено над 36% повеќе средства за поддршка на македонското стопанство.

 

 

„ Јас лично сум многу задоволен гледајќи што тука се случува со средствата кои што ќе бидат доделени од страна на државата, а тие ќе бидат само 10% од тоа што ќе биде овде инвестирано. Остатокот ќе го инвестира сопственичката структура. Ќе биде модернизација на машинскиот парк, осовремување на производството, а со цел да се постигне поголема продуктивност на производството и со тоа компанијата да биде поконкурентна на светските пазари. Комфи Ангел е одлична компанија, таа има воглавно извоз на своето производство, работи за реномирани светски брендови и очекуваме со ваквата поддршка тие само ќе го зголемуваат своето производство и својот извоз. Јас ви посакувам успешна работа и се надевам дека она што го имаат зацртано како инвестиционен план и програма во потполност ќе биде остварено, а државата во тоа само ќе помогне. Комфи Ангел е одлична компанија, таа има воглавно извоз на своето производство, работи за реномирани светски брендови и очекуваме со ваквата поддршка тие само ќе го зголемуваат своето производство и својот извоз. Јас ви посакувам успешна работа и се надевам дека она што го имаат зацртано како инвестиционен план и програма во потполност ќе биде остварено, а државата во тоа само ќе помогне“, рече Анѓушев.

 

Според Анѓушев државата немало да даде пари унапред, или авансно, туку ќе дадела пари за веќе инвестирани средства и така сега на крајот на 2018 година ќе се направело поврат на тоа што тие инвестирале во 2017 година, но и тие кои иинвестирале во 2018 годинаи нив ќе им биделе вратени тие средства од страна на државата до крајот на 2019 година.

 

„Благодариме на мерките на Владата што конечно после 14 години постоење компанијата Комфи Ангел за прв пат од своето постоње добива финансиска помош од страна на владата. Пред сè планираме да продолжиме со процесот на инвестирање во контекст на зголемување на степенот на извоз и стабилизација на работната сила и зголемување на животниот стандард на истата. Од тие причини мора во континуитет да инвестираме во техничко-технолошкиот развој и самите знаеме дека процесот на технолошката револуција и индустријализација број 4 е веќе длабоко отпочната и секако доколку сакаме да градиме економски раст на нашата компанија и држава ние мора да се носиме со сите тие предизвици. Благодариме уште еднаш на Владата што нè поддржува во овие инвестиции, можеби да, некој ќе каже дека е минорна таа 10% надомест, но како што предмалку разговаравме секоја помош е добредојдена на компаниите за да можат да постигнат зголемен раст“, истакна Ирена Јакимоска, менаџер на Комфи Ангел.

 

Јакимоска ја поздрави одлуката на Владата за намлувањето на казниите и глобите. Министерот без рресор, Бардул Даути, задолжен за странски инвестиции ги повика и другиите компании да аплицираат за  државна финансиска помош.

 

„Ги повикуваме освен Комфи Ангел и сите регионални фирми, па и низ целата држава да аплицираат за државна финансиска помош, нормално оние што ги исполнуваат законските критериуми. Не е малку 10% финансиска помош од државата, само тоа што треба да се инвестира наредната година, за да се поттикнат инвестициите за да имаме поуспешна економска перспектива“, додаде Даути.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien