ВИДЕО – СЛАП : Голем дел од лековите извршени со паралелен увоз во Македонија се небезбедни

Лековите извршени со паралелен увоз во Македонија, особено оние наменети најчесто за ретките болести, кои се поефтини од оригиналните се небезбедни, со сомнително потекло и квалитет. Ова го тврдат од здружението на пациенти со болести на црниот дроб – СЛАП од Прилеп по повод 7 декември меѓународниот ден на солидарност на пациентите.

 

 

„Проблемот кај тие лекови е што не се знае во кои фабрики е произведен лекот, како се транспортира, каде се чува и како завршува на нашиот пазар. Под истата генерика се како и оригиналните, но се произведуваат во фабрики од кина, со дозвола од производителот, но бидејќи таму работната сила е поефтина ии заради сите околности тие лекови се поeфтини“, рече Билјана Мирческа, претседател на СЛАП Прилеп.

 

На светско ниво 10% од сите лекови се фалсификувани. Во Европа тој процент е околу 1%, а во неразвиените земји околу 30. Во Македонија за жал нема точна  статистика колкав е процентот на небезбедни и фалсификувани лекови.

 

„Пациентите треба најмногу да посветат внимание прво на самата амбалажа. Да се види дали таа е добро спакувана, да се види дали во блистерот се наоѓаат сите таблети. Таблетите треба да бидат цели. Да нема пукнатина, вдлабнатина и тоа е несакан ефект. Потребно е да се запазува и рокот на употреба“, кажа Бранкица Москова, дипломиран фармацевт.

 

Свеста за безбедноста на лекарствата кај нас била на многу ниско ниво поради недоволна едуцираност на населението и на медицинскиот персонал.

 

„Во аптеката не би смеела да биде понудена замена. Мора да се даде истата генерика, не може да се понуди лек со друга генерика без разлика што можеби тој лек го има истото дејство“, Македонка Зероска, матичен лекар.

 

Експертите препорачуваат од Агенција за лекови да имаат повеќе предавња и отворени трибини околу безбедноста на лековите.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien