Бензините поевтинуваат за 1.5 денари, дизелот за 2.5 денари

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата и тие на полноќ поефтинуваат во просек за 4.01 проценти.

 

Од полноќ, според новиот ценовник, ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 поевтинуваат за 1.50  денари и еден литар од овие горива од вечерва ќе се продава за 61.50 односно 63.50 денари.

 

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 2.50 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 58.50 денари.

Новите цени на горивата стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien