ВИДЕО – Работилница во Прилеп за превентивна култура при употребата на земјоделската механизација

Во Прилеп се одржа работилница на тема безбедност при работа со трактори и земјоделска механизација со цел земјоделците да се запознаат за нивната превентивна работа во земјоделството, а со тоа и превентивната култура при употребата на земјоделската механизација. Организатор на работилницата беше здружението „Достоинствен работник“ во соработка со ДИД Медиа, Инфо Компас.

 

 

„Пред земјоделците свое излагање има професорот д-р Драги Таневски од факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје кој што зборува за превентивната мерка околу безбедноста при работа со трактори и земјоделска механизација. Инаку ова е дел од проектот „Превентива  култура за безбедност и здравје при работа кај земјоделците во Прилеп и Пелагониискиот регион“ кој што е поддржан од ЕУ во соработка преку грантова шема на Македонското здружение  за заштита при работа“, вели Рубинчо Аризанкоски, секретар на здружението „Достоиинствен работник“.

 

Професорот Таневски за измиинативе 25 години направил комплетна анализа на сите параметри кои се причините за случувањето на овие несреќи со земјоделските машини во Македонија.

 

„Во развиениот свет ваквите несреќи се решаваат со одредени правилници, кај нас такви правилници не постојат. Сега и целта на ова предавање е да ги запознаеме сите учесници и да ги објасниме сите сигурносни мерки кои се јавуваат за време на возењето со самиот трактор, а бидејќи тракторот е машина која служи за експлоатација или за приклучување на повеќе приклучни машини да не доаѓа до одредени несреќи кои можат да бидат со смртни последици, а и со тешко или полесно повредени луѓе. Мора и ние да направиме вакви правилници бидејќи се стремиме да бидеме членка на ЕУ. Еве на пример во Словенија вакви правилници постојат уште од 1995 година“, вели проф. Д-р Драги Таневски, од факултетот за земјоделски науки и храна.

 

Таневски предлага исто така задолжителна обука за сите земјоделци за управување со механизација која би ја вршеле стручни лица од факултетот за земјдоелство и стручни лица од 10-те земјоделски училишта кои се наоѓаат низ Македонија.

 

„Во Македонија постојат 10 земјоделски училишта, тие училишта опфаќаат пооделни региони и можат да ја опфатат целата држава. Претходно ќе бидат обучени професорите кои предаваат по мотори, трактори и механизација. А во овој проект, во овие предавања, обуката може да ја вршат и специјални автошколи кои ќе изразат желба за обука на вакви личности. Се надевам дека со самите обуки, а тоа е мое лично искуство бидејќи над 20 години се занимавам со несреќите со тракторите и приклучните машини, ќе се намалат овие несреќи. Слободно можам да речам дека просечно секој месец ни загинува по едно лице во несреќа со трактор“, додаде Таневски.

 

Бидејќи загинатите секогаш се возат со некој друг на тракторите или приклучната механизација доаѓа дека на еден загинат има од 4 до 6 повредени лица.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien