Се одложува гласањето за Брегзит во британскиот парламент, Британија може да се предомисли

Британската премиерка Тереза Меј ќе го одложи парламентарното гласање за Брегзит , закажано за утре.

 

Како што јавува Би-Би-Си, откако пратениците ја предупредиле Меј дека ја чека тежок пораз и дека ќе настрада и нејзината Влада, премиерката се решила за одложување. Таа денеска закажа конференциски состанок со министрите , за да разговара што треба да се направи во врска со нејзиниот компромисен договор со Брисел.

 

Информациите за одложување доаѓаат само по неколку часа , откако највисокиот европски суд реши дека Британија ќе може еднострано да ја повлече одлуката за Брегзит, без да бара дозвола од другите 27 земји – членки на ЕУ. Значи Британија може сама да одлучи да остане во ЕУ под истите услови како досега.

 

Сега според одлуката на судиите на ЕСП Британија може да го преобрати механизмот од член 50 од Лисабонскиот договор, со кој е дефинирано како земјите ја напуштаат ЕУ, во случај договорот за излез од Унијата уште да не стапил на сила.

 

„Целта на ваквото отповикување е да го потврди членството во ЕУ на односната земја-членка под услови кои не се променети во однос на нејзиниот статус како земја-членка и природната апликација ја доведе до крај постапката за повлекување“, соопшти Карл Густав Ферленд, судија на Европскиот суд на правдата.

 

Одлуката на судот во Луксембург пристигна точно на еден ден пред гласањето во британскиот парламент, каде нема расположение договорот за помине.

 

Во исто време британската фунта падна на најноско ниво од јуни 2017.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien