Третото издание на Winter Apricots ќе се одржи од 13 до 15 декември во Мис Стон

Третото издание на интернационалниот фестивал на краток филм, Winter Apricots, ќе се одржиод 13-ти до 15-ти декември во киното Мис Стон, во Прилеп.

 

Овогодинешното издание ни носи и доста новитети. Филмската програма ќе биде кохезивна и ќе се состои исклучиво од кратки филмови.

 

Прикажувањето на 10-те финалисти од официјалната селекција, што воедно е и јадрото на фестивалот ќе биде во петок и сабота навечер.

 

Придружната програма, која што ќе започне од четврток, е составена од Денс-филмовите од Италијанскиот фестивал Stories We Dance и две други натпреварувачки селекции. Тематска селекција која што за свој фокус ќе има Патишта и Национална селекција за која што публиката ќе го изгласа најдобриот краток Македонски филм.

 

 

Во сабота напладне, ќе има работилница за филмска критика, „Интерактивно дружење со сите кои се чувствуваат потенцијални филмски рецензенти, преку теориски и практични примери до квалитетна филмска критика“ со Влатко Галевски.

 

За крај, оваа година ќе имаме и два големи и значајни моменти посветени на музиката.

 

„Звуците на филмот: Прајснер со Дуња Иванова“, во четврток навечер. Патување низ музичкиот универзум на Збигнев Прајснер преку клавирот на Дуња Иванова.

 

 

А во сабота вечер, големата завршна церемонија на која што ќе бидат прогласени победниците, како и за крај, концерт на бендот Калевала.

 

 

Сите активности ќе се одржат во Киното Мис Стон и влезот за сите настани е бесплатен.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien