Триесетина затвореници штрајкуваат со глад во затворот во Прилеп

Триесетина затвореници од утрово започнаа штрајк со глад во прилепскиот затвор. И тие како и затворениците во Идризово бараат да бидат опфатени со најавениот закон за амнестија за обвинетите од 27 април во македонското Собрание. Директорот на затворот Александар Дамески вели дека засега ситуацијата е мирна и затворениците не правеле проблеми.

 

„Стануба збор за група од 30-тина затвореници кои од утрово започнаа да одбиваат да примаат храна. Се солидаризираат со затворениците од Идризово и освен амнестија немаат други посебни барања. Ситуацијата во затворот засега е мирна“, вели Александар Дамески, директор на затвор Прилеп.

 

Инкау во затворот во Прилеп има околу 50-тина затвореници и 23 лица се во притворското одделение.

 

Од затворот „Идризово“ потврдија дека 60-65 проценти од затворениците одбиваат храна и оти во моментот се вршат лекарски прегледи на затворениците. Како што велат од Управата на затворот, затворениците најавиле дека штрајкот ќе трае два дена.

 

Затворениците очекуваат нивните барања да бидат исполнети, а доколку тоа не се случи, најавуваат дека нивните семејства ќе протестираат пред Владата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien