Ставре Јада активно се подготвува за светското јуниорско првенство во биатлон во Словачка

Пред околу 10-тина денови започна новата зимска сезона 2018/2019 за нашиот репрезентативец во нордиско скијање, биатлон и олимпиец, Ставре Јада. Иако не помина најдобро на 2-те трки во биатлон поради лошите временски услови кои се одржаа во Шведска, Јада вели дека ништо не го разочарува и активно се подготвува за трките кои наредниве денови го очекуваат во Австрија и Италија.

 

„На 15 декември имам трка во спринт биатлон во Италија на 10 км. Потоа се враќам во Австрија каде ќе имам 20 км. долга трка во биатлон на 19 декември. На 21-ри имам супер спринт, а на 22-ри спринт трка во биатлон на 10 км. Во Австрија сум веќе 5 дена и имам што да научам од Антон Шипулин еден од најдобрите рускии биатлонци. Најважно од се за мене е светското јуниорско првенство во биатлон кое ќе се одржи во Словачка во јануари“, истакна Јада.

 

Една од главните амбиции оваа година исто така му било и остварување на добри резултати во нордиско трчање, а од наредната година и да стартува на светскиот куп во нордиско трчање.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien