ВИДЕО – МЕПСО ќе инвестира 1,12 милиони евра во модернизација на трафостаницата „Прилеп 1“

МЕПСО инвестира 1,12 милиони евра во модернизација на трафостаницата „Прилеп 1“ која што е стара 40 години. Ќе се вгради нова опрема која ќе може да се контролира и со далечинско управување и која според МЕПСО ќе обезбеди сигурно снабдување со електрична енергија на Прилеп во наредните 20 години.

 

 

„Со цел за подобар, поквалитетен пренос на електричната енергија, со што ќе биде запозната и македонската јавност. Она што е битно за денешниот настан е тоа што Прилеп ќе добие поквалитетна, стабилна електрична енергија за наредните 20 години, затоа што како што истакнав ќе се промени оваа опрема која што ќе ја гради реномираната компанија Кончар од Загреб, која скоро како што кажав е постара од 40 години. Пелагонискиот регион покрај тоа што ќе добие реконструкција на оваа трафостаница, добива и реконструкција, која е веќе потпишана со договори за веќе определен период од 10-тина дена, и реконструкцијата на трафостаницата во Битола 2, а поврзувањето на тие две трафостаници ќего правиме со далековод, кој што е во инвестиција и е со исто така потпишан договор, а ќе го гради хрватската компанија Далековод. Вкупно инвестиција за овој регион што ќе инвестира Мепсо, со помош на Владата на Република Македонија, средства обезбедени од  ЕБРД некаде околу 6 милиони евра. Во суштина значи еден квалитетен пренос на електрична енергија, стабилна електрична енергија кој што пелагонискиот регион, граѓаните на Прилеп, Битола, тоа го заслужуваат и нема што да се плашат во иднина околу делот на користењето на електричната енергија“, рече Сашо Василевски, генерален директор на МЕПСО

 

 

Министерот Сугарески ги повика бизнисмените да инвестираат во Прилеп затоа што сега градот ќе имал квалитетна електроенергетска инфраструктура.

 

„Исто сакам да потенцирам дека во изминатиот период, благодарение на менаџментот на Мепсо, беа склучени сериозни договори во висина од 26 милиони евра, од кои 10 се за модернизација на трафостаници, 5 за изградба на далноводи. Исто така посебно важно за државата е тоа што ќе се работи на еден капитален проект, а тоа е меѓу Република Македонија и Република Албанија, а станува збор за 400 киловотен далновод, кој треба да се прави во наредниот период. Исто така дополнителна 110 волтна трафостаница која треба да се прави во Охрид. Така да со инвестициите кои се направени во оваа година и нешто сум исклучително задоволен, бидејќи како што знаете Министерството за транспорт и врски е главен акционер на Мепсо и со тоа и Министерството и Владата на Република Македонија даваат сериозна поддршка на менаџментот да продолжат со сите овие активности“, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

 

 

Изведувачи на инвестицијата ќе бидат хрватската компанија „Кончар КЕТ“ и домашната „Елтек“.

 

„Нас ни е драго што Мепсо ја најде компанијата Кончар, која е компанија со долгогодишно искуство, познавање и однос према локалните заедници каде се работи и ни додели трета по ред активност во оваа година, а тоа е трафостаницата каде се наоѓаме. Пред тоа потпишавме договор за 400 киловолтниот далновот, како и договор за замена на станиците на 4 хидроелектрани. Сметаме дека ваквите договори допридонесуваат за добра соработка помеѓи хрватските и македонските компании, со посебен нагласок на тоа дека дека имаме добар конзорциум во Елтек, македонска фирма која што ќе ја работи комплетно монтажата, нормално во соработка со нас“, истакна Бранислав Лековиќ, претставник на конзорциумот изведувачи „Кончар КЕТ“.

 

 

ТС Прилеп 1 претставува централна напојна точка за регионот на северна (горна) Пелагонија и регионот на Мариово. Истата е поврзана на електропреносниот систем преку 110 киловолтни  далекуводи  со трафостаници во Битола и во Кавадарци, а со неа се поврзани и три трафостаници на дистрибутивниот систем преку кој се напојува со електрична енергија градот Прилеп, неговата околина и Мариово.

 

„Јас сум благодарен на ова што се прави денес во Прилеп, за оваа голема инвестиција која е преку 1 милион евра што ја инвестира Мепсо. Благодарност до Владата на Република Македонија, Министерстовото за транспорт и врски и претпријатието Мепсо. Мислам дека граѓаните ова што ќе го добијат во наредните 20-30 години во Прилеп, непречен пренос на електрична енергија и задоволување на сите капацитети во нашата општина, уште еднаш упатувам благодарност и задоволство е мое како градоначалник на Прилеп, овој благодет да го уживаат граѓаните на Прилеп“, рече Илија Јованоскии, градоначалник на Прилеп.

 

Модернизацијата на трафостаницата и далекуводот Прилеп-Битола ќе се реализира за година и половина, а модернизацијата на трафостаницата „Битола 2“ ќе била готова за 2,5 години.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien