Двајца загинати и 14 повредени во терористички напад во Стразбур

Двајца загинаа, а 14 луѓе се повредени во терористичкиот напад кој синоќа се случи на плоштадот Клебер во центарот на Стразбур, каде што на божиќниот маркет се собираат бројни туристи од целиот свет. Според сведоците, напаѓачот влегол меѓу метежот и почнал да пука, по што сите во паника почнале да бегаат.

 

Напаѓачот, кој се уште е во бегство, е идентификуван како 29-годишениот Шериф Чекат, познат на полицијата како ситен криминалец кој бил под полициска присмотра поради сомневања за верски радикализам.

 

Припадниците на воената патрола го раниле напаѓачот, но тој избегал и по него е организирана опсежна потрага.

 

„Во моментов, 350 лица се распоредени за да го пронајдат, активни се 100 членови на правосудната полиција, две хеликоптерски бригади од RAID (елитната француска полициска тактичка единица), BRI (бригада за истраги и истражувања) и војници од операцијата Сентинел . Дополнителните средства беа мобилизирани од владата и се на пат кон Стразбур“, соопшти францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер.

 

Франција го активираше Вигипрате планот, односно тимот за спречување на вакви напади. Во меѓувреме, засилени се и граничните контроли, како и контролите на сите божикни пазари во земјата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien