Крушево подготвено за Нова Година, исполнети речиси сите сместувачки капацитети

Крушево е подготвено за Новогодишните и Божиќни празници, а доказ за тоа е исполнетоста на сместувачките капацитети во Крушево.

 

„Се пополнуваат и последните слободни места во Крушево, а оваа година покрај одличната забава за Нова Година која ја нудат кафулињата, рестораните, пицериите и хотелите организираме и заеднички дочек на Нова Година во центарот на Крушево“, вели градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

 

Поголемиот број од угостителските објекти веќе ги имаат објавено своите Новогодишни понуди и се очекува истите да бидат исполнети до последно место, а што се однесува на дочекот на Нова Година на градскиот плоштад „Никола Мартиноски“, ќе настапи македонската пејачка Александра Јанева (загревање: ди џеј Хуго).

 

„Во споредба со 2017-та година оваа година до август месец Крушево го посетиле 67 отсто повеќе туристи во споредба со истиот период лани. Дополнително, оваа 2018 и наредната 2019 година организираме многу повеќе културни настани кои ќе придонесат кон зголемување на бројот на туристи“, потенцира градоначалникот Христоски.

 

Христоски исто така истакнува дека Крушево не е само во лето или во зима, туку прераснува во дестинација за цела година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien