Продолжуваат масовните студентски протести во Албанија

Масовните студентски протести во Албанија продолжуваат и денеска, веќе 8 ден, со празни бели листови во нивните раце. На студентите им се придружија и родителите, средношколци, други граѓани, како и нивни колеги од Косово.

 

„Немаме веќе што да зборуваме. Сега останува белиот лист. Кажавме сè. Сега очекуваме тие да зборуваат. Дали ве поканил премиерот на дијалог? Точките се јасни и нема што да преговараме“, истакнаа студентите.

 

Албанскиот премиер Еди Рама претпладнево на Твитер најави подготвеност за разговори и исполнување на студенските барања, но студентите го отфрлија предлогот за дијалог и претходно доставените осум барања ги надополнија со уште едно – ослободување на 25 учесници на протестите приведени деновиве.

 

„Не разбираме за каков дијалог се работи, или само сака да го нахрани своето лично его. Сметаме дека барањата се минимални, кажано е веќе неколку пати дека нема потреба од дијалог за овие барања“, реагираат студентите.

 

Рама предложи заедничка средба со претставници на факултетите, бидејќи како што порача треба да се почитува автономијата на Универзитетите, но студентите категорично одбиваат каков било разговор со Рама и со министерката за образование Линдита Никола и апелираа за подршка до амбасадите на САД и на ЕУ.

 

„Апелираме до амбасадите на САД и на ЕУ да ја поддржат оваа младина и иднината на Албанија, доколку некогаш ја сакале оваа земја. Во спротивно ќе покажат дека биле хипокрити“, порачаа студентите.

 

Инаку, студентите првпат минатата ноќ ја минаа на улиците на Тирана. Дел од нив беа пред зградата на Владата, а дел пред Министертвото за образование. Освен во Тирана, протести има и во Скадар, Елбасан, Корча, Ѓирокастро и Саранда.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien