Светот полуде по „дијамантскиот авион“ на „Emirates“

Авиокомпанијата „Emirates Airline“ го збуни интернетот со фотографија на која еден од нејзините авиони е покријан со дијаманти.

Во објавата на Twitter со наслов „Ви го претставуваме авионот Bling’ 777“ авиокомпанијата нагласи дека фотографијата е дело на Сара Шакил, која е позната по фотошопирање на познати знаменитости и симболи на модерната поп-култура.

Иако „Emirates“ јасно ставија до знаење дека се работи за фотошопирана фотографија, корисниците на социјалните мрежи веднаш поверуваа дека фотографијата е вистинска и удрија на критикување на авиокомпанијата од Дубаи.

 

 

Едни беа згрозени дека луѓе гладуваат додека авиокомпанијата се фали со дијамантски авион и сериозно загрижени за безбедноста на луѓето кои би летале со тој авион.

Една корисничка на Twitter дури праша: „Нели ова би пречело на аеродинамиката на авионот и би се одразило на безбедноста на патниците?“

Други ја свртија на шега и пишуваа дека не би било лошо да се одлепи некој дијамант и да падне од небото, а се огласи и аеродромот Dulles со порака „Ќе ве известиме ако најдеме некој паднат дијамант“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien