Средба на градоначалникот Јованоски со претставници на Францускиот институт и Швајцарската амбасада во Македонија

Вредностите и промоцијата на Француската култура и франкофонијата, беа тема на денешната средба на градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, со директорот на Францускиот институт во Македонија, Емануел Ембер, како и со неговиот заменик и аташе за култура, Бранко Чобанов и со заменик амбасадорот на Швајцарија во нашата земја, Стефан Томагиан.

 

Претставниците од Францускиот Културен институт го запознаа градоначалникот Јованоски со огромниот број на реализирани културни манифестации, отворени настани, изложби, со кои институтот години наназад ја промовира Француската култура и уметност преку сите нејзини форми во нашата земја, притоа оддавајќи посебно признание и значење на нашата култура во соработка со Македонските институции.

 

Заменик амбасадорот на Швајцарија, Томагиен и градоначалникот Јованоски, изразија заедничко задоволство што токму во Прилеп е поставена плоча во чест на Швајцарскиот и светски реномиран писател, Никола Бувие. Во својата книга „Употребата на светот“, објавена во над 100 светски јазици, Бувие пишувал за Прилеп, а во два наврати  и престојувал во градот под „Марковите кули“ и тоа во далечната 1953 и во 1995 година.

 

На средбата беа договорени конкретни чекори за продлабочување на културната соработка, преку организирање на повеќе културни настани, изложби за помоција на Француската култура и Франкофонијата, како и книжевни средби и промоција на делата на Бувие во Прилеп во текот на идната 2019 година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи