„Црвено злато“, нов хит за заработка, еден килограм – 1.500 евра

Властите во Авганистан сакаат на земјоделците да им понудат алтернативен план за заработка. Така, наместо да одгледуваат афион, од кој се добива опиум, им се нуди да се свртат кон производство на најскапиот зачин во светот – шафранот.

 

Производството на шафран оваа година во земјата се зголеми на рекордни 13 тони.  Официјалните цифри покажуваат дека производството на шафран се зголемило на 6.200 хектари во 2018 година, што е зголемување за 22 проценти во однос на минатата година.

 

“Земјоделците кои се посветија на одгледувањето шафран годинава имаа заработка од околу 17 милиони долари, имајќи предвид дека 90 отсто од авганистанскиот шафран се извезуваат”, се вели во соопштението од авганистанското министерство за земјоделство.

 

Повеќе од 6.600 работници се обучени за производство, преработка и пакување на зачинот оваа година, се наведува во соопштението на владата.

 

Станува збор за деликатен зачин што со векови се користи во различни кујни и во производството на парфеми. Билката уште се нарекува и “црвено злато”. На западните пазари се продава по цена од 1.500 долари за килограм.

 

„Почнуваме со работа на нивите пред изгрејсонце и секој од нас може да собере околу четири до пет килограми цвет од шафран“, изјавил 16 годишниот Јома Кан, еден од 156.000 сезонски работници кои помагаат при собирањето на зачинот. Работниците заработуваат околу 1 долар на час.

 

Шафранот од Авганистан се извезува во 17 земји (главно во Кина, Индија и Персискиот залив, како и Европската унија и Северна Америка).

 

Официјалните лица се трудат да ги одвикнат произведувачите од високо профитабилната трговија со опиум. Одгледувањето на мак и понатаму покрива 263.000 хектари во Авганистан, што е речиси 90 отсто од светското производство на опиум.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи