Експертите од јавните расправи за уставните измени платени по 20.000 денари

Експертите кои подготвија стручен труд што го презентираа на јавните дебати организирани за нацрт-амандманите на Уставот ќе добијат хонорар во висина од 20 илјади денари.

 

За нив, како што денеска беше соопштено на прес-конференција од страна на владините портпароли, се обезбедени средства.

 

„Владата обезбеди хонорар за експертите кои подготвија стручен труд во рамки на јавните дебати. Износот на тој хонорар е 20 илјади денари. На оние на кои им нарачавме да достават експертиза, односно стручен труд. Тие добија хонорар, а не сите учесници“, појасни владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

 

Секоја јавна расправа траеше околу 90-тина минути, на која присуствуваа по 5 експерти кои ја претставуваа својата експертиза на темата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien