ВИДЕО – Прилепска нано технологија која штеди енегија до 30%, а наскоро ќе заштитува и од пожар

Прилеп уште еднаш докажа дека е лидер во Македонија кога станува збор за иновациите кои може да се носат рамо до рамо со светските производи од сличен тип. Прилепската компанија „Металотехника“ е прва на Балканот и пошироко кога станува збор за нано технологијата која се користи за заштеда на енергијата. Имено се работи за два навистина уникатни производи кои се нанесуваат на ѕидови и на стакло Термо стоп и Термо стоп транспарент. Овие иновации се поддржани и од Фондот за иновации на Македонија во 2015 и 2018 година.

 

 

„Самите ние со нашите експерти на соработка кога си поставивме цел дека се што е генијално е и просто, се зазедовме да работиме во областа на нано технологиите. Користејќи соработници од 5-те лидери во светот за нано технологија, а тоа се САД, потоа Кина, на трето место Јапонија, Иран и на 5-то место Русија. Сите овиие лидери ги произведуваат 90% од нано технологиите во светот. Во неполнии 2-3 месеци во посета ни беа двата амбасадори на Иран и Јапонија со кои разговаравме за нано технологиите“, истакна Јандре Здравески, „Металотехника“.

 

 

Првиот производ кој се нанесува на ѕидови и фасади ја задржува топлината во просторијата, не и дава да излезе надвор и ѕидовите на кои е нанесен истиот се топли за разлика од стандарден ѕид кој во зимски услови е премногу ладен на допир. Заштедата на енергијата со овој производ е 30% во текот на една грејна сезона.

 

„Самата област енергија покажува дека светот сака да има нов вид на енергија која ќе биде континуирана, автономна, чиста, ефтина и да има неисцрпна моќ. Такви видови на енергии може да бидат произведени, користени, складирани или штедени. Ние одлучивме да ја штедиме енергијата со нашите два нано проекти. И со нив ќе добиеме заштеда повеќе од 30% во текот на една грејна сезона“, додаде Здравески.

 

Вториот производ се нанесува на стакло. По нанесувањето стаклото добива малку затемнета боја која ја задржува енергијата, односно стаклото во зима стопира топлината да излегува надвор, а во лето не дозволува сончевите зраци да влегуваат внатре. Кога првиот производ ќе се нанесе на топлотен извор, очигледна е разликата како истиот заштитува од топлина.

 

 

Термо стоп заштитува и од пожар но, само до температура до околу 150 целзиусови степени. Наредна цел на компанијата е да направи нов производ Огно стоп со кого ќе се премачкуваат челечни конструкции и дрво. Овој производ ќе ги заштитува објектите премачкани со него од пожар и ќе може да издржи температура од 500 до 1.000 целзиусови степени во траење од 120 минути, односно од тоа колку пати е нанесен премазот.

 

 

 

 

„Сега новиот закон во Македонија побара и нови својства на овие изолации односно да штитат и од пожар. Затоа „Металотехника“ ќе продолжи со работа на нови проекти. На пат е нашиот нов производ Огно стоп. Каде што сме со намера да гии намалиме профитите финансиски и да ги заштитиме животите на граѓаните кои работат, живеат или стопанисуваат со тие објекти“, рече Здравески.

 

Моментално  овие иновативни производи „Металотехника“ ги извезува за Швајцарија, Италија, Хрватска, на испитување имале пратено проби во Пакистан, а учестувале и на саемот за нано технолигии во Иран.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien