Сообраќајот на Плетвар и во прилепскиот регион се одвива непречено

Сообраќајот на превојот Плетвар се одвива непречено, без проблеми и забрани, информира Сашко Цветкоски, раководител на секцијата на „Македонија пат“ во Прилеп. Нема проблеми ниту во сообраќајот на сите патни правци во регионот.

 

„Превојот Плетвар е прооден и опесочен за сите видови возила, а нема никакви проблеми и во одвивањето на сообраќајот на сите патни правци во Прилепскиот регион. Опесочен и прооден е и регионалниот пат за Мариово и на превојот Слива, Мариово, сообраќајот се одвива за сите видови возила. Нема никакви проблеми, ниту на патните правци кон Крушево, Кривогаштани и Македонски Брод. Според програмата за зимско одржување, има доволни количества на песок и ризла за одржување на регионалните патни правци, особено на превојот Плетвар“, вели Цветкоски.

 

Од подружницата на „Македонија пат“ во Прилеп нагласуваат дека се подготвени да интервенираат во зимски услови.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien