Притвор за возачот на автобусот кој се преврте кај Лесковац, идентификувана и третата жртва

Facebook
Twitter
Email
Print

Идентификувана е и третата жртва во автобуската несреќа што вчера се случи кај Лесковац. Тоа е 63-годишната В.К од Кавадарци. Претходно беше утврден идентитетот на останатите две жртви, 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К и 68-годишен маж од крушевското село Бучин со иницијали В.Ш.

 

Меѓу повредените во автобусот кој во неделата наутро се преврте во близината на Лесковац, е и возачот, кој се наоѓа во притвор и ќе треба дополнително да се истражи дали тој е виновникот за несреќата, или станува збор за нешто друго.

 

Автобусот кој се обраќаше од Македонија кон Виена, излета од патот и се преврте по што три лица загинаа, а триестина беа повредени. Шестмина сериозно повредени лица по вчерашната трагична сообраќајна несреќа кај Лесковац се наоѓаат во Клиничкиот центар во Ниш, а осум полесно повредени се на лекување во болницата во Лесковац.

 

Полесно повредените лица, кои беа сместени во хотелот „Апостоловиќ“ во Лесковац, синоќа организирано беа префлени во Македонија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи