Кијану Ривс со години тајно донира милиони на детски болници

Канадскиот актер, режисер и продуцент Кијану Ривс (54) во Холивуд важи за еден од најљубезните и најскромните филмски ѕвезди. Иако и порано често помагал и донирал во добротворни цели, сега е откриено дека Ривс последните години донирал милиони долари на детските болници.

 

Ѕвездата на филмовите „Брзина“, „Матрикс“ и „Џон Вик“ веќе извесно време има своја хуманитарна организација, која финансира разни медицински истражувања и болници. Често на ваквите потези на славните личности се гледа и како на своевидна реклама, со која во јавноста се презентираат како добротворци, но актерот со помагањето никогаш не сакал да се фали.

 

,,Имам приватна фондација , која што постои неколку години и им помага на детските болници, го помага истражувањето за ракот. Не сакам моето име да се врзува за неа, само ја оставам фондацијата да работи како што треба“, скромно признал актерот во едно интервју.

 

Кијану ги потпомага истражувањата поврзани со ракот и од лични причини. Имено, на неговата сестра Ким уште во деведесетите години ѝ била дијагностицирана леукемија, која со текот на времето била доведена во состојба на ремисија, а сигурно и тоа искуство дополнително го сензибирало актерот и го поттикнало на хуманитарно работење. Кијану секако за тоа не зборува премногу во јавноста.

Откритието дека Кијану донира пари во тајност ги одушевило неговите обожаватели, а ЛАД Бајбл пишува дека тој е еден од најскромните, најсимпатичните и најприступачните актери во Холивуд.

 

Тој не носи брендирана облека, се вози во метро, ​​а се случува и да пие пиво со бездомниците.

 

Славниот актер сè уште не е во брак, но кружат гласини дека се гледа со Хали Бери (52), со која го снима третото продолжение на „Џон Вик“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien