Пензионери и вработени нема да смеат да имаат тезга – Бектеши вели дека ќе има продавачи на пазарите и во 2019-та

Пензионерите и вработените  нема да можат да имаат тезга  со новиот закон за зелени пазари коj треба да стапи на сила за две недели.  Од стопанската комора бараат негово одлагање.  Велат дека со неговата примена ќе се намали бројот на продавачи на пазарите, прометото ќе опадне за  30 отсто ,  а закупците на тезги ќе се оптоварат со нови давачки. До министертвото за економија веќе испратиле и  допис со пет конкретни забелешки.

 

„Секој кој наоѓа интерес да тргнува на зелениот пазар треба да го оствари тоа право зошто државата има форма како да си го наплати својот дел, односно персоналниот данок за сите оние кои тргуваат на зелените пазари. Не гледаме пречка зошто овие категории не би мижеле  да тргуваат повторно на зелените пазари.“ – вели Даниела Михајловска, Стопанска комора.

 

За помалку од 15 дена тезгаџиите треба да имаат лиценци за работа. Но една лиценца се врзува само со една тезга, така што пазарџиите треба да извадат повеќе лиценци ако сакаат да држат повеќе  тезги на еден пазар. Законот предвидува пазарџиите да плаќаат персонален данок, како и здравствен и инвалидски надоместок.

 

Министерот за економија Крешник Бектеши пак, вели дека на зелените паџарчиња ќе има продавачи и во 2019-та за кога стапува во сила новиот закон за трговија со кој овие работници ќе треба да имаат сопствена лиценца и нема да смеат да работат како пензионери и вработени на друго место.

 

Бектеши рече дека брзо ќе се интервенира со измени и дополнувања доколку дојде до несакани последици, а засега законското решение останува со примена од 1 јануари. До Нова Година има уште две недели а тоа според министерот е недоволно време за „ревизија“.

 

„Мора да се има предвид дека треба да почекаме и да виидме како ќе се спроведе новиот Закон. Во моментот кога ќе констатираме заедно со коморите дека има недостатоци, секако ќе направиме измени и дополнувања“, објасни Бектеши.

 

Тој најави дека оваа недела ќе има средба со Комората на пазарџии за да поразговара околу нивните забелешки и предлози што ги добил дури вчера.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien