ВИДЕО – Прилеп го одбележа патрониот празник Свети Никола – акцентот ставен на еднаквоста и хуманоста

Свети Никола од оваа година нека биде ден на хуманоста и еднаквоста. Сите ние во овие празни денови да им помогнеме на социјално загрозените семејства кој колку може. Ова беа главните пораки кои денеска беа упатени во Прилеп, кој по 13-ти пат го одбележа својот заштитник Свети Никола. Домаќин годинава на градската слава беше семејството на градоначалникот Јованоски.

 

 

„Сите заедно да ја прегрнеме со хуманост, љубов и почит нашата заедница. Да покажеме искрена грижа, топлина и разбирање за сите наши граѓани. Да го зачуваме нивното достоинство. Тивко, нечујно, помошта да стигне на потребните адреси. Да не дозволуваме стравот и предрасудите да не делат. Давајќи го најдоброто од себе, да градиме заедница со капацитети за брзи и квалитативни промени“, рече Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

„Денеска е Свети Никола, мојата семејна слава, меѓутоа и славата на нашата Општина. Во името на заедништвото, со почит, со љубов, со подадена рака, со чиста мисла и големо срце денес да го одбележиме овој ден“,  истакна Виолета Јованоска, сопруга на градоначалникот.

 

 

 

 

Идната година домаќин на славата ќе биде семејството Небрежанец.

 

„Огромна чест, задоволство и привилегија ми е тоа што ќе бидам домаќин иднтаа година на градската слава“, кажа Кире Небрежанец, иден домаќин на славата.

 

 

Митрополитот Петар кој чиночалствуваше во Божествената литургија акцентот на својата проповед го стави на младите на кои им порача да не се иселуваат масовно во странство лакомејќи по многу богатство туку својата иднина да ја граделе дома.

 

„Да си ја возљубат Татковината со сето срце и душа и да не одат надвор од Татковината поради уживања, заради големи богатства, заради модата или помодарството да се биде во странство итн. и заради желбите да се покажеме пред светот, туку да се потрудиме да живееме според потребите, односно да сме задоволни со основните услови за жиивот“, рече Владиката Петар, Митрополит Преспанско-Пелагонски.

 

 

 

Во центарот на градот за сите граѓани беше послужена и свети николска посна трпеза со риби, грав и околу 65.000 посни сарми. Граѓаните се желби за среќа и бериќет.

 

„Да бидеме среќни и мали и големи и богати и сиромаси, да се сакаме, да се гледаме, земјава е заедничка од сите“, вели еден граѓанин.

 

„Да има мир и сочувство помеѓу луѓето, тоа е најважно“, додад друг граѓанин.

 

„За многу години да е празникот, сите здрави и весели, живи и мир да има“, рече друг граѓанин.

 

По повод празникот во Прилеп се одржа и хуманитарна акција во која граѓаните донираа храна за ранливите категории, а во сите цркви се поставени специјални кутии за донации за сиромашните.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien