Втор ден студентски протест во Тетово – ултиматум за универзитетите и Министерството за образование

Втор ден од студентските протести во Тетово. Студентите протестираат на градскиот плоштад, улиците и пред двата универзитета во градот – Државниот тетовски универзитет и Универзитетот на Југоисточна Европа.

 

Тие ги повторија барањата за намалување на студентските такси, стоп за корупцијата, фер однос од професорите без купување книги за потпис и подобра оценка, подобрување на условите за студирање и слично. Најавија дека доколку за седум дена  надлежните не им ги исполнат, како што рекоа, конкретните барања и јавно да се произнесат за тоа, тие ќе ги радикализираат протестите.

 

„Нашиот акумулиран револт што избувна вчера од нас направи веднаш да се произнесат МОН, УТ и УЈИЕ. Но тоа не беше она што ние го баравме од вас. Ние сме доставиле конкретни барања што треба да се реализраат, а не да се коментираат од ваша страна. Ја спомнавте и мисијата што ја имаат универзитетите и тоа да бидат во служба на студентите, а не на политиката и политичките кланови, на страна на прекршителите на нашита права, корупција и непотизам. Универзитетите се место каде треба да се образуваме со знаење, а не приватни фирми за збогатување на семејства, кланови и поединци“, порачаа студентите што втор ден протестираа во Тетово.

 

Најавија дека во следните седум дена, односно до крајниот рок од нивниот ултиматум, ќе протестираат мирно како и досега – со собирање на плоштадот и со марш по булеварот „Илинденска“ до двата универзитета.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien