Уништени околу 170 килограми дрога во Дрисла

Денеска во регионалната депонија Дрисла беа  уништени околу 170 килограми разни видови дроги и психотропни супстанци кои потекнуваат од кривичните дела  недозволено тргување со опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори што полицијата ги расветли во изминатиот период, а за кои кривични дела надлежните судсови веќе донесоа правосилни судски пресуди.

 

Уништени се околу 128 килограми марихуана, околу шест и пол килограми хероин, околу 20 килограми хашиш, околу половина килограм кокаин, растенија и семки од канабис, како и  амфетамини, потоа синтетичка дрога екстази и други прекурсори и психотропни супстанци.

 

„Во делот на сузбивањето на недозволеното тргување со дрога Министерството за внатрешни работи во континуитет презема интензивни оперативни мерки и активности. Годинава статистички гледано бележиме пораст на бројот на расветлени кривични дела од оваа област“, рече министерот Спасовски.

 

Според аналитичките податоци за периодот од почетокот на 2018 година заклучно со крајот на месец ноември откриени се вкупно 681 кривично дело од оваа област, а од нив 582 кривични дела се класифицирани како  “неоовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци“, за што пак кривично беа пријавени 674 сторители  Останатите 99 кривични дела се подведени под казненениот член  – “овозможување на употреба на наркотични дроги“, и по однос на нив кривично пријавени се  104 сторители.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien