Столтенберг: НАТО ќе го преиспита нивото на ангажирање со косовската армија

Facebook
Twitter
Email
Print

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, порача дека тој воен сојуз ќе продолжи со мисијата на КФОР на Косово и најави дека, како што ќе се развиваат КБС (новоформираната косовска војска), Северноатлантскиот сојуз ќе го разгледа своето ниво на ангажирање со КБС и в година.

 

Столтенберг тоа му го рекол во телефонски разговор на косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

 

„Генералниот секретар во разговорот со Харадинај најави дека во согласност со развојот на КБС, Северноатлантскиот сојуз ќе го разгледа нивото на ангажирање на НАТО со КБС в година. НАТО ќе продолжи со мисијата на КФОР да обезбеди безбедно опкружување на Косово. КФОР работи под мандат на ОН и нема да биде под влијание на законот за трансформација на КБС“, соопшти НАТО.

 

Според соопштението на алијансата, Столтенберг рекол дека Харадинај пренел оти Северноатлантскиот сојуз има почетна расправа за неодамна усвоените закони за транзиција на Косовоските безбедносни сили (КБС).

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи