ВИДЕО – Неделкоски : Лага е дека сум крадел од сметката на Сојузот, јас открив криминал тежок 2,5 милиони евра

Комплетна дезинформација и лага вака Неделкоски ги оцени денешните обвинувања на тутунарските здруженија од Прилеп, Долнени и Крушево дека тој украл 9 милиони денари од сметката ја Сојузот на тутунарски здруженија на Македонија. Според Неделкоски овие невистините обвинувања доашале бидиејќии токму тој открил криминал тежок 2,5 милиони евра кој се правел во тутунарските здруженија во иизминативе 10 години, од луѓето кои сега го обвинувале. Токму затоа и тој поднесол кривична пријава против 16 здруженија ан тутунари од Македонија.

 

 

„Информацијата дека сум проневерил 9 милиони денари, тоа се лажни дезинформации. Не е точно, затоа што јас со самото стапување на функцијата претседател на Сојузот на здруженија на тутунопроизводители, по дојава од многу други луѓе дека таму повеќе години се правел криминал, најдовме документи каде што за 7 години проневерени се околу 2.5 милиони евра. Продажба на објекти на тутунопроизводителите, каде што точно знаат прилепчани како е продаден објектот на здружението Мице Козар, во Крушево, во Демир Хисар, во Струмица, значи тоа се повеќе објекти каде што една организирана група од 16 здруженија не дозволувала 10 години ниту влез на друго здружение, па ниту да направи некој проверка што се случува. Со самото мое влегување како претседател на Сојузот ги испитавме тие работи и собравме огромен број на докази, каде што на 21 септември 2017 година поднесовме обвинение до јавното обвинителство за организиран криминал. Таму се наоѓаат многу докази и обвинителството е веќе во предистражна постапка“, рече Неделкоски.

 

Неделкоски вели дека за секој денар што тој го потрошил постоеле одлуки за тоа и сите средства биле наменски потрошени.

 

„Значи сите средства во моето владение како претседател, сите средства што се трошени донесени се одлуки за строго наменски пари. Не смее да се трошат пари ненаменски. Ќе излезиме пред суд и ќе докажиме кој трошел правилно, а кој неправилно. Исплатени им се сите средства на здруженијата, имаме сознание и сведоци, околу 40-50 претставници на откуп за ланска година што сеуште не им се исплатени дневниците. Поради која причина не знаеме. Тоа се повеќе здруженија каде што не им ги исплаќале парите, а си ги присвојувале за свои потреби“, додаде Неделкоски.

 

Неделкоски ги повика надлежните органи во најбрз можен рок да разрешат кој во овој слчулај имал направено криминал.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien