Општина Прилеп: За кадровската политика на Петар Ристески во прилепската болница сведочат тонските записи

За лошите услови во здравството погубни беа политиките на бегалецот Никола Груевски, како и на вашиот претседател на ОК, Петар Ристески, за чија кадровска политика во болницата сведочат тонските записи за кои сведок беше и пошироката јавност, реагираа од Општина Прилеп за денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

Во моментите кога евроатлантските перспективи на нашата држава стануваат реалност и кога актуелната Влада води политика на градење добрососедски односи со земјите кои не’ опкружуваат, жално е да се види како вашата партија свесно манипулира со членовите на Унијата на млади сили.

ВМРО-ДПМНЕ, партијата која 11 години ги партизираше сите државни институции и која “работеше“ на иселување на младите од државата, дури и денес кога Владата на СДСМ и коалицијата создаваат услови за отворање нови работни места и задржување на младите во Македонија, не престанува со злоупотребите и манипулациите на најмладите.

Добро е што покажувате интерес за состојбите во здравството, но ќе беше чесно од вас, на членовите на вашиот подмладок да им ја соопштите вистинската адреса на која треба да се обратат. Наместо причините за погубните политики на партијата на бегалецот Груевски да ги бараат пред општинската зграда, тоа требаше да го направат кај претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески. Впрочем, за раководењето на Ристески со прилепската болница „Борка Талески“ и за кадровската политика која тој ја водеше во областа на здравството, сведочат тонските записи за кои сведок беше пошироката јавност.

Општина Прилеп и следната година ќе работи на подобрување на условите за живот на своите сограѓани, без разлика на нивната партиска, етничка и друга припадност.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien