СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Ристески нудат само деструкции, црнила и блокади

Мицкоски и Ристекси сакаат да ги закочат реформите во Прилеп и Македонија и да се да се врати 12 годишниот систем кога во државата царуваа криминалот, корупцијата, непотизмот. Тие нудат само деструкции, црнила и блокади, реагираа од СДСМ Прилеп на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

ВМРО-ДПМНЕ, антизападниот пиун Мицкоски, како и локалниот послушник на претходната криминална власт на Груевски, Петар Ристески, сакаат да ги закочат реформите во Прилеп и во Македонија и да се врати 12 годишниот систем кога во државата царуваа криминалот, корупцијата, непотизмот.

ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Ристески нудат само деструкции, црнила, блокади и одбрана на криминалот на Никола Груевски.

Нудат изолација, очај и безизлезност и очигледно се дел од групацијата којашто се обидува да поткопа секаков чекор за напредок на Македонија и интегрирање на нашата држава во најмоќните светски организации, ЕУ и НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ повторно во очај се обидува да ги изманипулира и злоупотреби граѓаните и преку протести за заштита на криминалот да ја закочи иднината на Македонија.

Мицкоски треба да е свесен дека никогаш нема да успее да го врати времето кога тој под заштита на неговиот ментор Груевски се стекнуваше со хидроцентрали, а граѓаните гладуваа.

Македонија и нејзините граѓани ја победија деструктивната матрица на Груевски, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Македонија оди напред кон светла и сигурна иднина, кон членство во ЕУ и НАТО и нема враќање назад во црното минато.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien