СДСМ: Младите од ДПМНЕ да ја слушнат снимката за партиските вработувања на Ристески во прилепската болница

Младите од ДПМНЕ-Прилеп да ја слушнат аудио снимката на која се слуша како Петар Ристески им порачува на вработените дека се примени исклучиво по партиски список. 12 годишните бизнис и тендерски интереси на ВМРО-ДПМНЕ од корен го уништија здравствениот систем во државата, ги погазија правата на пациентите, реагираа од ОК СДСМ Прилеп на денешната прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

Ги повикуваме младите гласноговорниците на ДПМНЕ – Прилеп наместо да потпаѓаат на манипулациите на екс директорот на прилепската болница, Петар Ристески, да го прашаат заради чии интереси тој и претходната криминална власт пермаменто и системски го уништуваа задравството во Прилеп и во Македонија.

Нека ја слушнат јавно објавената аудио снимка на која лични Петар Ристески им порачува на вработените дека се примени исклучиво по партиски список и дека ако биле способни ќе биле во приватното здравство.

12 годишните бизнис и тендерски интереси на ВМРО-ДПМНЕ од корен го уништија здравствениот систем во државата, ги погазија правата на пациентите, а лекарите масовно ја напуштаа Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ треба да сфати дека времето на договерни тендери во четири очи со кои се уништишуваше здравството, а се богатеше партиската криминалната фамилија, засекогаш заврши и нема да се врати.

Денес Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство го рехабилитираат здравтсвениот систем во интерес на граѓаните и лекарите.

Продолжуваат инвестициите за развој на здравствениот систем. Со Буџетот за 2019 година кој е зголемен за 300 милиони денари, докторите специјалисти добиваат зголемување на платите за 10 отсто, а останатиот медицински персонал добива повисоки плати за 5 отсто.

Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство остануваат посветени на заложбите за градење на модерен, одржлив и ефикасен здравствен систем.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien