Топ 10 најатрактивни туристички градови за 2019 – два од нив на Балканот

Туристичката интернет страница „Лонли Планет“ објави топ листа на 10 најатрактивни градови за посета во претстојната 2019 година. Меѓу нив се најдоја Нови Сад во Србија и Задар во Хрватска.

 

На прво место на листата е Копенхаген, Данска, а на второ место е кинескиот град Шенжен. На трето место е Нови Сад.

 

„Лонли планет“ наведува дека Нови Сад не е толку познат како главниот град Белград, но дека е помодерен. Се наведува дека Нови Сад е познат и како српска Атина и дека градот е домаќин на популарниот музички фестивал „Егзит“ што се одржува на Петроварадинската тврдина. Исто така, се наведува дека градот има богата уметничка и музичка сцена и дека е ориентиран кон младите. Во 2019 година токму Нови Сад ќе биде европска престолнина на младите.

 

Листата со топ 10 градови за посета според „Лонли Планет“:

 

1. Копенхаген, Данска

2. Шенжен, Кина

3. Нови Сад, Србија

4. Мајами, САД

5. Катманду, Непал

6. Мексико Сити

7. Дакар, Сенегал

8. Сиетл, САД

9. Задар, Хрватска

10. Мекнес, Мароко

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien