ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : СДС досега понуди само распродажба на националните интереси и вдомување на партиски кадри

Продолжува распадот на Република Македонија со секој изминат ден на власт на СДСМ. Она што го напоменавме на минатиот прес дека освен распродажба на национални интереси, непотизам и вдомување на партиски кадри на нови работни места, СДС нема што да им понуди на граѓаните. Истакнаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Здравството во Република Македонија и официјално го допре дното! И наместо да се вработуваат професионалци, високо квалификувани кадри, на работни позиции кои ќе придонесат за пдобрување на услугите за сите нас, се вработуваат партиски послушници кои се дрзнуваат, брз трошка срам, јавно да се пофалат за новите вработувања.

 

Имено, неколку интернет портали излегоа со вест како активист на СДС од Прилеп јавно на Фејсбук изразува благодарност до градоначалникот Јованоски, претседателот на Совет Миле Талевски, директорот на прилепската болница др. Драге Богојески, за вработувањето, или како што тој наведува во својата објава, дека му било осигурано животно прашање.

 

А што ќе се случи со оние професионалци кои немаа партиска книшка од СДС, а целиот живот инвестирале во своето образование, за на крај да бидат одбиени на огласите со смешен изговор дека дел од нив биле премногу квалификувани за работното место.

 

Па нели СДС ќе воведуваше професионалност во работата и токму професионалците ќе беа тие кои ќе бидат носители на подобрите промени на напредок? Ова е невиден скандал, кој уште толку ќе го поттикне масовното иселување на докторите и останатиот медицински персонал во странство, затоа што за вистинските професионалци очигледно нема место во здравствените установи.

 

Како резултат на катастрофалните политики здравствениот систем тоне, како и се останато во оваа држава. 100.000 денари плата за лекарите, зголемување на капитациониот бод за матичните лекари и стоматолозите, подобри договори за лекарите, решавање на проблемот со специјалистите, ќе останат само празни ветувања.

 

Почитувани, оваа власт досега покажа дека работи строго за интересите на неколку фамилии, додека останатите се принудени едвај да врзуваат крај со крај. Затоа мора што поскоро да си замине оваа влада, за доброто на сите граѓани, за доброто на Република Македонија. Затоа што пустошот кој го направија во овие година и половина на власт, ќе остави трајни последици за нас и генерациите по нас“, истакнаа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи