ВИДЕО – Премиера на претставата „Одисеја“ на „Чин 4 Сцена 5“

Училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“ синоќа во киното Мис Стон во Прилеп ја имаше својата најнова премиера претставата „Одисеја“. „Одисеја“ е пародија на истоимената поема на хомеровиот класик. Текстот е напишан од Саша Нецевски пред 10-тина година и ова е втора поставка на истиот текст од страна на „Чин 4 Сцена 5“.

 

 

„Во првата претстава играа 78 актери, овој пат бројот е помал. Вклучени се тука сите повозрасни категории на училиштето за театар, средната А, средната Б и големата група, како и на помош се дојдени и членовите на аматерскиот театар. Претставата ја подготвувавме некаде околу месец и вечерва ќе биде нејзиното премиерно издание. Имаме репризи на 26 и 28 декември и со тоа ја затвораме оваа календарска година со претстави од театар „Чин 4 Сцена 5“, рече Саша Нацевски.

 

Синоќа се додели и наградата „Златен билет“ за 100 илјадитиот посетител на претставите на „Чин 4 Сцена 5“.

 

„ Ние водиме грижлива статистика за бројот на гледачи кои што присуствувале на нашите претстави и ете на оваа претстава се погоди 100.000-тиот гледач да биде во публиката. Вечерва ние ја надминавме бројката на 100.000 гледачи. Тоа значи дека ние сме наполниле 793 вакви сали и 165 сали како големата сала во Марко Цепенков. Затоа како знак на благодарност ние вечерва на 100.000-тиот гледач сакаме да му оддадеме едно внимание и да ви се заблагодариме на сите вас за поддршката. 100.000-тиот гледач ќе го добие овој „Златен билет“ со кој добива доживотно влезница за да ги гледа сите наредни претстави“, додаде Нацевски.

 

 

 

 

 

Инаку учиилиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“ постои веќе 11 години и оваа претстава е нивна 65-та продукција.

 

„Ова е многу интересна комедија, се работи за авантурите на Одисеј, кој после тројанската војна се обидува да стигне дома и на крајот стигнува, но неговот патешествие е навистина интересно да се погледне за публиката. Има многу настани, се сретнува со различни чудовишта, со богови, со божици, во смисла на хумор. Претставата ја подготвуваме околу 2 месеци, работевме напорно морам да признаам и се надеваме дека крајниот резултат ќе го покрие цел тој период на напорна работа“, истакна Христијан Тунески кој го глуми ликот на Одисеј.

 

„Оваа вечер публиката ќе има можност да погледне уште една од голем број на претстави кои што ги остваривме оваа година во театар Чин 4 сцена 5. Се работи за пародија на Одисеја, која ќе биде прикажана пред прилепската публика денес премиерно. Играат околу 15-тина млади актери, јас сум дел од аматерското драмско студио, кои денес дојдовме да потпомогнеме во оваа претстава. Во претставата се работи за главниот лик Одисеј, за неговите авантури по завршувањето на тројанската војна, па се до доаѓањето дома во Итака. Публиката ќе има можност низ смеа да ја проследи целата претстава, затоа што верувам дека навистина ќе си помине една поинаква, убава театарска вечер заедно со нас“, рече Леона Митревска.

 

 

 

Во 2019 на 11 јануари „Чин 4 Сцена 5“ ја имаат завршната претстава на малата група А, која се нарекува „Грчки митови и уште нешто“, а веќе на 14 јануари е првиот мјузикл од деца за деца „Притисни старт“, а тоа е завршна претстава на мала група Б, значи на повозрасната мала група.

 

 

ЦЕЛАТА ПРЕТСТАВА МОЖЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА !

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien