ВИДЕО – Мицкоски : До 11 јануари ќе биде објавен оглас за кандидатура за претседател на Македонија

Го утврдивме гантограмот на активности кој што ќе следува во периодов, а тој ќе се однесува на избор на претседателски кандидат, кој ќе ја добие поддршката на ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски избори. Кој што треба да кулминира со изборна конвенција која ќе се одржи на 16 февруари 2019 година. Истакна Христијан Мицкоски по завршувањето на состанокот на извршниот комитет вечерва во Прилеп.

 

 

 

„Практично денес донесовме заклучок на седницата на извршниот комитет, кој подоцна ќе биде презентиран пред централниот комитет, од кој ќе бараме се разбира поддршка, а тоа е дека најдоцна до 11 јануари 2019 ќе биде објавен оглас, на кој што согласно законот, ќе можат сите граѓани на Република Македонија да поднесат кандидатура. Оние граѓани кои ќе ја очекуваат и бараат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски избори. Огласот ќе трае 10-тина дена, потоа ќе се констатира листата на пријавени кандидати кои ќе ја бараат поддршката од ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски избори, а потоа во рок од 15 дена, но не подоцна од 10 февруари ќе трае нивното излагање на визија како иден претседател на Република Македонија, за политиките кои што ќе ги водат, во рамките на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ, средби со граѓани итн. Потоа на 16 февруари ВМРО-ДПМНЕ на конвенција ќе го избере претседателскиот кандидат, односно кандидатот кој ќе ја добие поддршката на ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски избори. Избори кои што, имајќи ја предвид актуелната политичка ситуација во државата, но и новите политики кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги промовира во периодот кој што следи, очекуваме сериозна победа и победа која ќе ја отпочне победата на следните предвремени парламентарни избори во Република Македонија на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија“, истакна Мицкоски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи