ВИДЕО – IPA Прилеп го организираше Националниот полициски турнир во стрелашство со воздушна пушка и пикадо

Полициски службеници од скоро цела Македонија денеска во Прилеп се натпреваруваа на вториот Национален турнир во стрелашство со воздушна пушка и пикадо. Услов за учество на овие натпревари е да си член на IPA Меѓународната полициска асоцијација. Ова единствен ваков национален полициски турнир во Македонија.

 

 

„Целите и принципите се да се унапредат соработката помеѓу полиициските службеници, како во државата, така и во регионот, па и во светот“, истакна Зоран Велкоски, претседател на IPA Прилеп.

 

На натпреварувањето беа присутни 100 полициски службениции, а IPA Македонија брои над 4.000 членови, IPA Прилеп пак 260 членови.

 

„Овој турнир планираме да го надградиме во меѓународен и сите оние победници, односно кои ќе се пласираат на првите 3 места планираме да ги пуштаме на настапи на интернационално ниво“, кажа Дејан Мицкоски, IPA Прилеп.

 

 

 

 

Целта било и другите региони во Македонија да започнат да организираат вакви натпревари.

 

„Планираме да го прошириме турнирот со повеќе активности и други спортски дисциплини за да биде што побогато и дружењето и поголем број на членови во IPA“, истакна Диме Велески, IPA Прилеп.

 

 

 

 

Најдобри засега во стрелаштво биле Битолчани.

 

„Пред се доаѓаме за дружење и забава“, рече Сања Ристевска, IPA Битола.

 

„Минатата година ги освоивме прво, второ и трето место и награда за најдобар IPA регион“, вели Мартина Николовска, IPA Битола.

 

„Ова е еден вид дружење меѓу полициски службеници и во тој вид на дружење има и едно ниво на натпреварувачки карактер што ќе го зголеми тоа ниво на дружење“, изјави Билјана Мантароска, IPA Прилеп.

 

 

 

 

 

Освен забавата и дружбата овие средби придонесуваат и за поголеми размени на искуства помеѓу полицајците од државава.

 

 

 

РЕЗУЛТАТИ ОД ДЕНЕШНИОТ НАТПРЕВАР :

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien