Бројот на загинати во смртоносното цунами во Индонезија вртоглаво расте – најмалку 373 жртви и над 100 исчезнати

Бројот на жртви од цунамито во Индонезија порасна на 373, информира Индонезиската агенција за катастрофи. Портпаролот на Агенцијата, Сутопо Пурво Нугрохо, изјави дека 128 луѓе сè уште се водат како исчезнати, а 1459 се повредени.

 

Портпаролот на Националната агенција за справување со катастрофи вели дека бројот на мртви ќе продолжи да се зголемува.

 

„Цунамито се случи како резултат на подводно лизгање на земјиштето, по ерупција на вулканот Анак Кракату, и бранови предизвикани од полната месечина“, соопшти Метеоролошката агенција, иако Индонезиската геолошка агенција засега не го потврдува тоа.

 

Цунамито го погоди западниот дел на островот Јава и југот на Суматра во саботата вечер, по ерупцијата на вулкан. Стотици војници и доброволци трагаат по исчезнатите.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien