ВИДЕО – Ристески : СДСМ прави само гол популизам без никаква работа, најмизерен економски раст, со нула инвестиции

Со кое лице Кирацовски се појавува пред прилепчани, на истото место од каде менторот Заев ја најави двојазичноста низ цела територија во Македонија и пропагираше смена на уставното име. Kирацовски  си дозволува да ги прави прилепчани при очи слепи, и да ги убедува дека цветаат рози и се живее раскошно? Истакна на денешната прес конференција претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески.

 

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Исто така прашуваме дали Кирацовски со локалните функционери ги посети дуќанџиите, занаетчиите, луѓето кои не се партиски послушници од редот на СДСМ, за да бидат експресно вработени на високи позиции во јавните установи и да ги праша како им е?

 

Дали Кирацовски ја слушна маката и на пазарџиите, земјоделците, на сите овие луѓе кои секој ден водат тешка битка за заработувачка, кажувајќи како државата никогаш не била во полоша состојба, со најмизерен економски раст, со нула инвестиции, по сите светски анализи карактеризирана како најлошо место за живеење во светски рамки?

 

И додека младите прилепчани се иселуваат како никогаш порано и го бараат својот спас во странство, затоа што не сте способни да отворите барем една фабрика, вие се занимавате сеуште со ВМРО-ДПМНЕ како да сте опозиција, а не власт.

 

Луѓето од вас чекаат резултати и испорачување на ветеното, а не гол популизам со веќе видена реторика, својствена за луѓе без идеи и желба за работа.

 

Она што досега успешно го сработи господата од СДС, е задволување на апетитите на неколкумина, кои ја запоседнаа речиси цела прилепска чаршија со своите кафичи и бизниси, како оние на министерот Сугарески и Туманоски, додека останатите трпат за парче леб .

 

Она што успешно го сработивте е вработувањето на вашите ќерки, внуки, најблиски роднини и пријатели, покрај останатите луѓе професионалци кои се пријавија на огласите, а беа одбиенини затоа што немаат партиска книшка од сдс.

 

Она што досега успешно го сработивте е донесувањето црнила какви што Македонија не памети.

 

Продажбата на нашето име, тргувањето со националните интереси, виткањето кичма пред Грција и Бугарија и склучувањето катастрофални договори со нив. Прилеп благодарение на вас го изгуби сјајот и никогаш не бил во поочајна состојба.

 

Спуштете се меѓу народот. Слушнете ја маката непосредно од устите на засегнатите и престанете да живеете во илузорен свет, затоа што сте смешни пред очите на јавноста.

 

Прилепчани завчера преку масовно присуство на протестот предводен од ВМРО-ДПМНЕ, на чело со претседателот Христијан Мицкоски ви порачаа едно големо “НЕ” на вашите погубни политики.

 

Со тоа почнува и официјално падот на оваа ненародна влада. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе ја врати Македонија на правиот пат!“, истакна Ристески од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien