Магла на патиштата низ Македонија – сообраќајот отежнат

Густата магла го вклучи алармот, поради намалена видливост отежнато се  одвива и патниот и авиосообраќајот.

 

Од АМСМ препорачуваат возење со прилагодена брзина и почитување на сообраќајна сигнализација, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава и на одрони.

 

Поради густата магла намалена е видливоста во Тетово – до 30 метри, патниот правец Неготино- Демир Капија, во Куманово и во  Сарамзалино со видливост од 50 до 100 метри. Од АМСМ информираат дека состојба на граничните премини се одвива со минимално чекање. На осојничавите места коловозите се наместа влажни и поради ниските температури во вечерните и утринските часови има појава на голомразица.

 

Од Управата за Хидрометеоролошки работи смируваат, уште во вечерните часови се очекува разведрување поради силниот ветер, а има најава и за снег.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien