Предновогодишно намалување на цените на горивата

Регулаторната Комисија за Енергетика предновогодишно барем малку ги израдува возачите – цените на горивата се намалуваат за по половина денар.

 

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 1.83%.

 

Цените се намалуваат за по половина денар во однос на досегашните, а тоа значи дека од вечерва на полноќ еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 61.00 денар, еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 63.00 денари, а еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 58.00 денари.

 

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien