38 барања за амнестија – само 10 мина обвинети за крвавиот четврток не поднеле барање

Facebook
Twitter
Email
Print

Законот за амнестија ги мобилизираше обвинетите и веќе осудените за настаните од 27 – ми април. На адреса на Кривичниот суд пристигнале 38 барања за помилување. Милост освен дел од обвинетите за терористичко загрозување на уставниот поредок, побарале и оние кои претходно беа осудени на условни казни за насилство.

Од скопска единица не соопштуваат официјално кои лица досега поднеле барање за амнестија. Но, адвокатите на обвинетите или веќе поднеле или се во фаза на подготвување на документите. Денеска милост од судот побарале пратеникот Крсто Мукоски, Александар Василевски Нинџа и неговиот другар Никола Митревски Кољо, претседателот на велешкото здружение Ќосето – Горанчо Ангелов, Иван Цветановски кој е еден од маскираните, Горан Ѓошевски Леви, што беше обезбедување на Трајко Вељановски и Митко Пешов началникот на специјалните полициски сили.

Меѓу оние кои поднеле барање за амнестија се и двајцата браќа Михаил и Стефан Младеновски и Захарие Симовски обвинетите кои први со сведочењата открија дел од деталите како се организирал крвавиот четврток.

И Панче Ангелов, лицето кое за коса ја влечеше пратеничката Радмила Шекеринска за коса во Собранието е меѓу 38 правосилно осудени и обвинети кои побараа амнестија за настаните од 27 април, минатата година. Неговиот адвокат Драган Пешевски потврди дека и Ангелов поднел барање за амнестија до Основниот суд Скопје 1.

За сега нема потврда од двајцата обвинети пратеници Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, а исто така не се знае ниту за оганизаторите на протестите од „За заедничка Mакедонија“, Богдан Илиевски, Владо Јовановски, Игор Дурловски и Борис Дамовски.

Рокот за доставување на барање за амнестија е до утре.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи