ВИДЕО – Проданоски : Ни трага ни глас од ветувањата на Јованоски, ништо што вети не исполни

Денеска Советот на општина Прилеп ја одржа својата 22-ра седница на која како најважна точка беше донесувањето на буџетот на општината за 2019 година. Во овој момент, кога се носи вториот буџет на општината од мандатот на Јованоски, важно е да се нотира што се имаа ветено и што реализира за граѓаните на општина Прилеп. Истакна советникот Дејан Проданоски.

 

 

„Во програмата градоначалникот Јованоски пред прилепчани вети, итна гасификација на Прилеп, ништо од тоа, завршување на градежните активности со училиштето во населбата Сточен пазар, ништо и од тоа. Итна изградба на градинка во населбата Точила, итно реновирање и реконструкција на домот за стари лица “Киро Крстески – Платник” и зголемување на неговите капацитети, ништо и од тоа. Понатаму нема ништо изградба на нов театар со кино сала, нема ниту изградба на повеќенаменски спортско рекреативен центар со покриен базен „Мaкедонија”. Ништо и од реконструкцијата на чаршијата, ништо од покривањето на коритото од Дабничка река, ниту од комплетната реконструкција на старата бања која требаше да биде музеј“, рече Проданоски.

 

 

Проданоски наглчаси дека немало ни трага ни глас од ветените четири мерни станици за загаден воздух. Немало засадено ниту еден нов садник и исто така немало ништо од ветувањето за поставување на подземни контејнери во центарот на Прилеп. Во населбата Три багреми  биле поставени само неколку канделбари и ништо повеќе.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien