Власта предлага секој директор да добие и заменик

Facebook
Twitter
Email
Print

Пратеници од СДСМ и ДУИ предлагаат сите јавни претпријатија основани од владата, освен директор, да добијат и функција заменик-директор. Ова се предвидува во предлог-измените на Законот за јавни претпријатија, кои ги поднесоа пратениците Александар Кирацовски и Благојче Трпевски од СДСМ и Реџаил Исмаили од ДУИ.

 

Според предложените измени, замениците ќе ги водат претпријатијата во отсуство на директорите, додека досега директорите за тоа определуваа вработен во претпријатието.

 

Предлогот треба да се разгледува денеска на Законодавно-правната комисија во Собранието. Тие предлагаат измените да се донесат по скратена постапка, зашто не се работи за сложен и обемен закон.

 

Ваквиот предлог наиде на остри критики, поради можноста за злоупотреба и вработување на „партиски војници“, но и поради новите трошоци кои идат со секој функционер.,

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи