Усвоени измените на Кривичниот законик за злоупотреба на јавните набавки

Facebook
Twitter
Email
Print

Се намалува затворската казна за дела поврзани со злоупотреба на јавните набавки. Тоа го овозможи денешното усвојување на измените на Кривичниот законик од страна на Собраниската Комисија за политички систем, предложени од страна на група пратеници од владејачкото мнозиснтво, а кои се однесуваат на членот 275-в за висината на казната.

 

Со новите измени се очекува да бидат опфатени делата во кои е обвинетата Елизабета Канческа Милевска, синот на пратеничката Владанка Авровиќ, Василије Авировиќ, бизнисменот Сеад Кочан и за случајот „Тенк“.

 

Според некои толкувања со овие измени обвинетите за такви дела би можело да поминат и со условна казна.

 

Под притисок на јавноста членот 353 од КЗ кој е за злоупотреба на службената положба нема да се менува. Со измената се предлагаше промена на зборот „некаква корист“ со „имотна“.

 

Пратениците од ВМРО ДПМНЕ ја напуштија Комисијата, а за предлогот гласаа пратениците од СДСМ, ДУИ и од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ.

 

Во меѓувреме СЈО побара замена на затворскиот со куќен притвор за осомничените во „Империја“ и за поранешни функционери.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи