ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : По Нова Година СДСМ срамно и скандалозно удира по најсиромашните кои продаваат на пазарите

После Нова Година сите пазарџии, земјоделци, нема да може да си продавате своите производи како досега на пазар. Да, добро слушнавте. Овој пат СДСМ удира по сите вас. Земјоделци, пензионери, социјалци, кои на чесен начин си го заработувате парчето леб. Истакнаа денеска на прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Ова е предновогодишна честитка која власта ви ја упатува Вас вредните и чесни луѓе кои со ништо не го заслуживте ова. Имено со новиот закон е наведено дека на пазарот трговец неможе да биде лице кое остварува приходи по основ на работен однос, на самостојно вршење на дејност по друг закон, пензија, договор на дело, социјална помош и паричен надоместок за време на невработеност.

 

Или со другии зборови на пазарот нема да може да продава лице кое е вработено и зема некоја минимална плата па поради тоа решило да дозаработува некој денар плус преку земјоделие.

 

Ниту пензионериите со ниска пензија, ниту социјалните случаи кои примаат паричен надоместок за време на невработеност.

 

Изгледа е недозволиво еден чесен граѓанин да си ја гледа фамилијата продавајќи ги своите производи на пазарот. И наместо да се зафатат со здрави економски политики. Корисни мерки за поттикнување на земјоделието тие директно удираат по маката на граѓаните.

 

Најпрвин 2 кг. јаболка вредеа 2 денари. За сега да имаме најава за закон кој ќе започне да се применува после Нова Година, а ќе направи енормна штета за сите засегнати. Иима луѓе кои земаат минимална пензија, минимална социјална помош или паричен надоместок на кој им се скратува правото да го зголемат со мака и пот својот семеен буџет.

 

Поттикнување на невработеност на еден ваков задкулисен начин кој ги принудува да ги регистриираат лицата како трговци на пазарот не е ништо друго туку уште една потврда за оваа неспособна Влада.

 

Срамен е овој закон кој удира по џебот на најсиромашните, против уставен, скандалозен и дискриминаторски, затоа што директно се одразува по пензионерите, социјалците, хонораците и стечајците. Овие луѓе не се криминалци, туку чесни граѓани на РМ. Затоа оваа Влада мора што поскоро да си замине. Само така народот ќе биде спасен од погубните политики кои станаа секојдневие“, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien