ВИДЕО – Крушево подготвено за стартот на зимската сезона, се бара кревет повеќе за празниците

Крушево е подготвено за почетокот на зимската сезона. Сместувачките капацитети според угостителите биле исполнети над 80% се до 20 јануари. Се бара кревет повеќе за празниците кои доаѓаат. Терените на Станиќ се веќе подготвени, поминати со ратрак, има доволно снег и овој викенд ги очекуваат првите туристи. Крушево наголемо го враќа сјајот на вистински туристички центар кој функционира 4 сезони, a доказ за тоа е што бројот на туристи оваа година бил поголем за 67% за разлика од лани.

 

Поради се поголемата заинтересираност на посетителите за еден од најубавите градови во Македонија тука веќе започнаа и нови инвестиции во хотелското сместување.  За тоа колку Крушево е подготвено да ги пречека туристите за претстојните празници, за новите инветиции и развојот на туризмот во ова живо јавување за Сител зборуваат градоначалникот Томе Христоски и раководителот на новиот хотел Александар Никодиноски.

 

ИЗВОР : СИТЕЛ.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien